Малку над 20% од Турците ја поддржуваат употребата на насилство во името на исламот, иако мнозинството од населението во Турција не го одобрува таквото однесување, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење, спроведено од анкарскиот Центар за стратешки и социјални студии метрополи, објави “Тудеј`с Заман”.

Во точни броеви негативно настроените по прашањето Турци се 73,6 отсто, оние кои сакаат насилство во името на исламот се 20,1%, а 6,3% или не можат да одлучат каков одговор да дадат или едноставно не одговориле при спроведувањето на истражувањето . Анкетата под насловот “Пулсот на Турција, Религија, насилство и слобода” е спроведена од 17 до 20 јануари во 26 провинции и во тоа време интервјуа беа направени со 2 759 лица. Загрижувачко е дека во споредба со истражување од септември 2014 година одобрувањето на насилството во името на исламот се зголемило од 13% на 20,1 отсто. Според социолозите присуството во Турција на сериозен дел од народот кој го одобрува насилството е индикативно за начин на размислување кој може да ја претвори Турција во сведок на насилство на настани поврзани со случувањата на Блискиот Исток.
Студијата открива дека мнозинството Турци се на мислење дека француското издание “Шарл ебдо” е осквернавило пророкот Мухамед со контроверзните карикатури, но велат дека тоа не дава право за вршење на терористички напади против списанието. Но 20% од учесниците во анкетата се на став дека екипата на “Шарл ебдо” заслужено ја добило казната за објавување на карикатури на кои е насликан пророкот. Запрашани кој го организирал нападот врз редакцијата 31,1% се на мислење дека станува збор за радикална исламистичка група, додека 44,3 веруваат дека зад злосторството стојат странски специјални служби. Ова покажува колку теории за заговор се шират во Турција.
Весникот “Тудеј`с Заман” потсетува дека многу често владејачката Партија на правдата и развојот / АКП / и нејзиниот лидер претседателот Реџеп Таип Ердоган собјаснуваат со конспиративни теории или темни, надворешни сили никнуваа настани,како и создаваат проблеми на власта. Ердоган ги прогласи за виновни овие “странски сили” за протестите во 2013 година во паркот Гези,кои започнаа поради загриженост меѓу еколозите и преминаа во антивладини протести поради бруталата употреба на сила од страна на полицијата. Според Ердоган истите сили се виновни за обвиненијата за корупција меѓу вишиот ешалон на власта, објавени во декември 2013 година
Има спорови во врска со религиозноста во Турција. Некои кругови тврдат дека земјата станува верска, додека други се на мислење дека религиозноста во Турција стана вештачка. Друга димензија на ова прашање го дава фактот дека владејачката АКП – потресена од обвиненијата за корупција од декември 2013 година – го донела политичкиот ислам како стил на управување. 58,4 отсто од учесниците во анкетата не сметаат дека муслиманите дејствуваат во согласност со “вистинскиот ислам”, додека 33,1% тврдат дека тие го прават.
По обвинувањата за корупција од декември 2013 година многу луѓе во Турција ја ставаат под прашање религиозноста на владата на АКП, бидејќи Ердоган и властите презедоа оценета од многумина како клеветничка кампања против полицајци и правници,кои учествувале во истрагата за корупција. Без основи, невини луѓе беа испратени во затвор и Ердоган започна тешка кампања на оцрнување против опозицискиот теолог Фетхулах Гулен,лидер на движењето Хизмет.
Според 59,7% од Турците во моментов е во тек судир меѓу исламот и Западот, додека 31,2% имаат спротивно мислење.
Иако со продорни антизападни чувства, 69,5% од анкетираните се на мислење дека муслиманите и христијаните можат да живеат заедно во мир, додека 24,6 отсто не мислат така.
Едно од анкетните прашања е дали учесниците се на мислење дека може да се муслимани и световни луѓе истовремено. На ова прашање 67,1% одговориле позитивно, а негативен глас е даден од 22,9%. Исто така 70,6% го штитат ставот дека државата треба да е секуларна, додека 19,3% се на спротивното мислење.