150 лица сè уште се водат како исчезнати: Бројот на загинати во срушената зграда во Флорида се искачи на 11

од Берта Китинска

Бројот на загинати во урната зграда во близина на Мајами, Флорида, се искачи на 11, бидејќи во текот на ноќта друго тело беше извлечено од урнатините.

Локалните власти соопштија дека 150 лица сè уште се водат како исчезнати, пренесува АП.

Началникот на округот Мајами Дејд, Даниела Левин Кафе најави дека операцијата за спасување ќе продолжи.

Спасувачките екипи користат кранови, кучиња и инфрацрвени скенери за да откријат знаци на живот во урнатините, но надежта за повеќе преживеани исчезнува како што одминува времето.

Во тој извештај, инженерите утврдиле значителна структурна штета околу базенот во зградата и влошување на цементот во подземната гаража.

Слични содржини