Србија и Англија соборија негативен рекорд, најмалку шутеви кон голот од 1980 година

од Milan1
2,4K прегледи

Се очекуваше се да „пука“ од атрактивниот фудбал на Англичаните, но ништо од тоа. Избраниците на Герет Саутгејт упатија само пет удари кон голот на Рајковиќ, Србија уште еден кон Пикфорд.

Токму оваа статистика го рангираше мечот во Гелзенкирхен меѓу најслабите не само на ова ЕП, туку и на претходните.

Средбата меѓу Србија и Англија ја одбележаа исклучително мал број на вкупни удари кон голот. Во последните 44 години толку малку удари кон голот не се видени на европските првенства.

„Тоа не беше натпревар за неутрални навивачи, со вкупно само 11 удари – шест за Србија, пет за Англија. Тој број е најмал забележан на Европското првенство, помалку од сите други 322 натпревари во натпреварувањето од 1980 година“, се вели во ова статистичка објава.

Слични содржини