38
Шпанската машка фудбалска репрезентација го освои златото на Олимписките игри во Париз. Во финалето Шпанците вечерва го совладаа францускиот тим.
Во регуларното време натпреварот заврши нерешено – 3:3. Во продолженијата Шпанците погодија двапати за конечни 5:3.
Головите за Шпанија ги постигна Фермин Лопез (два), Алекс Баена и Серхио Камело кој погоди двапати во продолжението.
За Франција погодија Енцо Мајо, Манес Аклиуш и Жан-Филипе Матета.
Во мечот за бронзениот медал, селекцијата на Мароко го совлада Египет со 6:0.
Шпанската репрезентација го освои олимпиското злато за прв пат по Игрите во Барселона во 1992 година.