Утре во Албанија почнува со работа италијанскиот прифатен центар за мигранти

од Milan1
25 прегледи

Прифатниот центар за мигранти кои преку Средоземното Море се обидуваат да стигнат до Италија и другите земји од Западна Европа во градот Шенѓин на брегот на Јадранското Море од утре ќе почне со работа, но се’ уште не се знае кога ќе бидат првите мигранти пренесени од Италија во Албанија, објави денеска албанскиот „Политико“.

Според договорот потпишан на почетокот на годинава од премиерите на Италија и Албанија, Џорџа Мелони и Еди Рама, лицата кои се спасени во меѓународни води на Средоземното Море ќе бидат испратени во прифатниот центар, а ќе бидат регистрирани во Шеѓин и ќе им бидат земени отпечатоци од прсти и лични податоци по што треба да бидат префрлени во кампот во Ѓадер.

Кампот во Ѓадер, кој треба да биде крајна дестинација на мигрантите, се уште е во изградба, а во иднина таму треба да бидат сместени над 3.000 мигранти и бегалци

Слични содржини