54
Полицијата соопшти дека вечерва во Приштина е убиено едно лице и дека извршител на убиството е жена.
„Денеска околу 19.20 часот добивме информација за убиство кое се случило на улицата „Исмет Красница“ во Приштина. Полицијата веднаш излегла на местото на настанот и ги презела сите потребни дејствија за утврдување на околностите кои го карактеризираат настанот. Во врска со инцидент, се предалa осомниченaтa Н.М.“, соопшти косовската полиција.
Полициските истражители во координација со државниот обвинител работат на расветлување и откривање на сите околности поврзани со овој случај, се вели во полициското соопштение.