Комити: Одлуката на ФК Гостивар е срамна, никој нема да ни забрани да го бодриме Вардар!

од Milan1
52 прегледи

Навивачката група на Вардар, Комити реагира на одлуката на ФК Гостивар претстојниот натпревар во Маџари да се игра без присуство на публика.

Тие најавија дека сепак ќе одат на стадионот.

„Одлуката на Управата на ФК Гостивар, натпреварот во недела да биде одигран без присуство на публика, ја сметаме за срамна и ја отфрламе во целост!
Во недела, СИТЕ ЗАЕДНО ќе се упатиме кон стадионот, со една цел – поддршка за Вардар, сега кога е најпотребна. И тоа никој не може да го спречи!
Собир: Недела [15.09.2024] | 13:00ч.
Локација: Кино Маџари
Поаѓање:14:00ч.
Ги замолуваме сите кои ќе присуствуваат да не подлегнуваат на никакви провокации и внимателно да ги слушаат инструкциите на надлежните членови!
Се враќаме онаму каде што со години, искрено се бранеше црвено-црното. Онаму каде што народот извојуваше голема победа за клубот, во која учествуваа сите генерации на Вардарци!
Упатуваме апел до сите нив, до сите генерации, ДО ТЕБЕ! Не седи дома, не мисли, време е повторно за борба-за Вардар наш!
НЕМА НИКОЈ ДА НИ ЗАБРАНИ!“, се вели во соопштението на Комити.

Слични содржини