Сиљановска – Давкова го помилува екс градоначалникот на Битола Владимир Талески

од Илинка Илиоска
45 прегледи

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова донесе одлука за помилување на поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, со што му ја намали затворската казна за една година. Талески издржуваше казна по пресудата за случајот „Транспортер“, во кој беше осуден на седум години затвор поради злоупотреба на службената положба во организирањето на бесплатен школски превоз.

Во 2022 година, Апелациониот суд ја потврди пресудата, но поради трите години поминати во куќен притвор, на Талески му останаа уште четири години за издржување. Дополнително, во случајот беше конфискувана нелегално стекната сума од над половина милион евра.

Ова е вторпат Талески да биде помилуван од претседател. Во 2016 година, претседателот Ѓорге Иванов го вклучи Талески во групата од 56 лица, претежно политичари, на кои им беше дадена аболиција. Соработникот на Талески, Слободан Бончановски, беше осуден на пет и пол години затвор за истото дело.

Слични содржини