Трамп го назначи Рубио за државен секретар

од Milan1
48 прегледи

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска потврди дека го назначил сенаторот Марко Рубио за државен секретар во следната администрација.

Рубио има длабоко искуство во надворешната политика и од противник на Трамп се трансформира во близок сојузник кој беше во потесниот круг за потпретседател на Трамп, пренесуваат американските медиуми.

Рубио во моментов е највисоко рангиран републиканец во Комитетот за разузнавање на Сенатот и член на Комитетот за надворешни работи.

Рубио, Американец со кубанско потекло, ќе биде првиот Латиноамериканец кој ќе ја извршува функцијата државен секретар, според американскиот весник.

Тој изрази поддршка за воените напори на Украина против Русија, но гласаше против дополнителната помош за земјата минатата година.

Слични содржини