(ВИДЕО) Хамас ослободи тројца израелски заложници

од Milan1
17 прегледи

Палестинската милитантна група Хамас ослободи тројца израелски заложници како дел од договорот за прекин на огнот со Израел, пренесува Си-ен-ен. Сите тројца заложници се спроведени од Газа до воен објект во близина на Ремс, каде се подложени на првични здравствени контроли и каде треба да се сретнат со нивните семејства.

„Командантите и војниците на израелските одбранбени сили ги поздравуваат и ги прегрнуваат заложниците кои се враќаат дома во државата Израел. Ја повикуваме јавноста да ја почитуваат приватноста на ослободените заложници и нивните семејства“, се вели во соопштението на Хамас.

Во замена, Израел се очекува да ослободи 183 палестински затвореници.

Од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопштија дека земјата ги пречекува тројцата ослободени, додавајќи дека нивните семејства се информирани дека се вратени во Израел.

Израелскиот форум за заложници и исчезнати семејства ги опиша сликите за време на предавањето на заложниците како „вознемирувачки“.

Ова е петта размена на заложници за палестински затвореници од почетокот на прекинот на огнот на 19 јануари годинава.

Досега Хамас ослободи 18 заложници, а од израелските затвори се пуштени повеќе од 550 Палестинци.

 

 

Слични содржини