Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, при вчерашната посета на Министерството за одбрана по повод одбележувањето на 77-годишнината од формирањето на севернокорејските вооружени сили, најави развивање на севернокорејските нуклеарни сили.
Тој истакна дека САД се виновни за сите конфликти и крвопролевања во светот.
Според него американските нуклеарни стратешки средства распоредени на Корејскиот Полуостров, како и заедничките воени вежби на САД, Јапонија и Јужна Кореја доведуваат до „нови конфликтни структури“, што претставува голем предизвик за Пјонгјанг.
Ким ги обвини САД и за војната помеѓу Русија и Украина, потенцирајќи оти севернокорејската армија и народ непрекинато ја поддржува борбата на рускиот народ за „одбрана на својот суверенитет, безбедност и територијален интегритет“.