Ова е полезноста на индиските ореви

од Milan1
42 прегледи

Индискиот орев носи бројни здравствени придобивки, па, како што велат и многу лекари, редовното јадење на ова јаткасто овошје може да придонесе за посилно срце, контрола на тежината, како и поздрави коски.

Овие слатки, маслени јаткасти плодови може да се додаваат на сите видови јадења од салати до порции житарки и разни видови десерти. Покрај тоа, од нив лесно се прави и путер. Значи, тие се одличен избор ако се обидувате да вклучите повеќе растителна храна во исхраната. Следат неколку од најзначајните придобивки од секојдневното внесување индиски ореви.

Благотворни за здравјето на срцето

Јадењето јаткасти плодови, воопшто, често се поврзува со помала опасност од срцеви заболувања, веројатно делумно и поради нивниот поволен индекс на маснотии. Индиските ореви не се исклучок. Истражувањата покажуват дека кога луѓе со дијабетес тип 2 внесуваат 10 отсто од дневните калории со индиски ореви, нивото на холестерол им се подобрило во споредба со луѓето кои не јаделе од овие плодови.

Индискиот орев е одличен извор на моно-незаситени и поли-незаситени масти коишто се поволни за срцето. Овие здрави масти може да го подобрат холестеролот ако се јадат наместо храна богата со заситени масти, како говедското месо и путерот.

Контрола на тежината

Ако се избегнуваат индиските ореви затоа што, наводно се калорични, истражувањата говорат спротивно. Кога јадеме индиски ореви, можеби нема да ги задржиме сите нивни калории. Тоа е затоа што се верува дека нивните влакна задржуваат дел од мастите, исфрлајќи ги од човековото тело. Тоа значи: 30 грама суви печени индиски ореви технички содржат 163 калории, но во телото се апсорбираат приближно 84 насто од тоа т.е. околу 137 калории.

Спојот од протеини и здрави масти во индиските ореви може да го забави варењето. Тоа пак, го одржува човекот сит подолго, па тој и јаде помалку. Дополнително, овие јаткасти плодови имаат малку шеќер, што ги прави подобар избор од, на пр. чипс или бонбони.

Го одржуваат нивото шеќер во крвта

Мноштво научни истражувања ги поддржуваат и истакнуваат придобивките од јаткастите плодови за спречување и лекување на дијабетес. Во случајот со индиски ореви – тие содржат ниско ниво јаглени хидрати, но се богати со други хранливи материи полезни за шеќерот во крвта. Тоа се: Протеини, влакна, здрави масти и антиоксиданси.

Истражувањата покажуваат и дека редовното јадење индиски ореви наместо храна богата со рафинирани јаглехидрати може да биде добар начин за управување со шеќерот во крвта.

Ги зајакнуваат коските

Одржувањето силни коски не е само во калциумот. И други хранливи материи како витамин К, магнезиум и фосфор, исто така, се добри и полезни за скелетот. Во индиските ореви ги има сите три состојки.

Антиоксиданси за спречување болести

Индиските ореви содржат природна мешавина од антиоксиданси, пред сѐ – полифеноли и флавоноиди. Овие моќни соединенија помагаат во борбата против воспалението и штитат од оксидативен стрес којшто може да доведе до хронични болести, како срцеви заболувања и рак. Индискиот орев содржи и цинк – минерал што го одржува имунолошкиот систем.

Слични содржини