Македонска филхармонија доби поддршка од колегите од Белградска филхармонија

од Milan1
30 прегледи

Вработените во Македонската филхармонија, денеска добија поддршка од своите колеги од Белградска филхармонија да истраат во борбата за законски избор на најквалификуван, а не партиски договорен кандитат за директор. Во моментов и музичарите од Белградска филхармонија се во штрајк, и тие, како и нашите вработените во Филхармонија бараат транспрентен конкурс за избор на директор, но и поголеми плати, информираат од Филхармонија.

– „Музичарите од Белградската филхармонија им даваат целосна поддршка на своите колеги од Македонската филхармонија во нивната борба за законски и транспарентно спроведен конкурс за избор на директор.

Сосема ни е јасна вашата битка, зошто во моментов со ист проблем се соочуваме и ние. И нашата држава, како и вашата треба да бидат свесни дека не може да постои здраво општество, доколку граѓаните ја изгубат својата верба во институциите на системот и ако културата и уметноста постојано се туркаат на маргините.

Многу добро знаеме и ние, и вие, колку е важно кој ќе застане на чело на нашите институции, зошто тоа го одредува патот по кој ќе се движиме во иднина. На вашата држава треба да и биде јасно дека Македонска филхармонија не е прекрасната нова концертна сала, на која ви завидуваат колегите од регионот, туку музичарите кои работат во неа. И дека вам, а не на концертната сала, ви е потребен квалификуван и вешт менаџер, а не партиски поставен директор без критериум и со заобиколување на законските нормативи.

Се надеваме дека ќе истраете во вашата борба и дека ќе се изборите Македонската филхармонија да добие нов директор на законски и транспарентен начин“, се вели во соопштението од Филхармонија.

Слични содржини