Средбата меѓу претставниците на Турција, САД и Украина, што се одржа во претседателската палата Долмабахче и траеше нешто повеќе од еден час, заврши во Истанбул, изјавија извори во турското Министерство за надворешни работи за агенцијата Анадолија.
Во украинската делегација беа шефот на претседателскиот кабинет, Андриј Јермак, министерот за одбрана Рустем Умеров и министерот за надворешни работи Андриј Сибиха, објавија украинските медиуми.
Американската делегација на трилатералниот состанок беше претставувана од државниот секретар Марко Рубио, специјалниот пратеник Кит Келог и амбасадорот на САД во Турција, Том Барак. Турција ја претставуваа шефот на Националната разузнавачка организација, Ибрахим Калин, и шефот на Министерството за надворешни работи, Хакан Фидан, пренесува Танјуг.
Се очекува првите директни преговори меѓу Русија и Украина од пролетта 2022 година да започнат на истото место. Руската делегација ја предводи помошникот на претседателот Владимир Медински. Тој претходно изјави дека целта на директните преговори со украинската страна е воспоставување долгорочен мир и решавање на основните причини за кризата, објави агенцијата.