Изгледате опуштено и деновите ви минуваат без стрес. Сепак, понекогаш се лажеме себеси и не можеме објективно да ја видиме состојбата на нашата психа. Оваа нова оптичка илузија е дизајнирана да ги стави вашиот умо и очи на тест.
Оптичката илузија е дизајнирана да покаже колку сте навистина под стрес. Сè што треба да направите е да ја погледнете илустрацијата и да забележите дали спиралите се движат, како и со која брзина.
Ако ги набљудувате спиралите долго време и тие останат неподвижни, тоа е добар знак бидејќи укажува дека сте многу смирени и опуштени, пишува Сан. Ако се вртат бавно, тоа е сигнал дека сте уморни и ви треба пауза. И секако е најлошо кога се вртат со голема брзина бидејќи тоа укажува дека сте под голем стрес што бара од вас да реагирате и да разговарате со стручно лице.