Најмалку петмина загинати и 14 ранети израелски војници во заседа во Газа

од desk2
11 прегледи

Борците на исламистичкото движење Хамас поставиле смртоносна заседа за израелски војници вчеравечер, што резултирало со трагичен биланс од најмалку пет загинати израелски војници и 14 повредени, од кои некои со животозагрозувачки повреди, јавија израелските медиуми.

Заседата била поставена во Беит Ханун на северот на Појасот Газа, а според медиумите, некои од загинатите израелски војници изгореле до смрт. Оваа операција на Хамас е речиси идентична на заседата од 24 јуни, кога беа убиени седуммина израелски војници.

Во најновата заседа, според израелските медиуми, единица на Хамас детонирала импровизирана бомба насочена кон израелско оклопно возило што патролирало во подрачјето. Потоа била испратени нови војници да им помогнат на ранетите, и кога стигнале дополнителните воени возила, и тие станале цели на напади.

Нетанјаху ја примил веста само неколку часа пред средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата Куќа.

Слични содржини