За воспоставување мир во Украина е потребна лична средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, смета унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Сигурен сум – зборувам повеќе како стара лисица која видел многу во дипломатијата и, всушност, повеќе од кој било од сегашните Европејци на власт, дека прекин на огнот и мирот тука (во Украина) ќе бидат постигнати ако се одржи лична средба меѓу рускиот и американскиот претседател. Значи, телефонскиот повик нема да помогне“, рече Орбан во интервју за Јутјуб каналот „Патриот“.
Според него, ако започнат директни преговори, тогаш прекин на огнот „може да се постигне многу брзо“, но ако „нема лична средба, тогаш ситуацијата ќе биде жестока како што е сега уште многу месеци“, пренесува Спутник.