Калас: Израел се согласи на значајни измени

од desk2
12 прегледи

Израел се согласи на „значајни чекори“ за подобрување на хуманитарната ситуација во Газа, објави денеска Каја Калас, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика.

Таа вели дека Израел се согласил со значително зголемување на бројот на камиони што секојдневно ќе влегуваат во Газа, отворање дополнителни гранични премини и повторно отворање на рутата за помош, како и овозможување на дистрибуцијата на храна и во пекарници и јавни кујни.

Дополнителните мерки се однесуваат на продолжување на испораките на гориво за хуманитарните установи, заштитата на хуманитарните работници, поправки на виталната инфраструктура, вклучувајќи ги капацитетите за снабдување со електрична енергија и вода.

„Овие мерки се спроведуваат или ќе се спроведуваат во идниве денови, со општа согласност дека помошта во големи размери мора да се доставува директно на населението и дека и понатаму ќе се преземаат мерки за да се осигури дека помошта нема да се пренасочува кон Хамас“, рече Калас.

Официјален Израел уште не се огласи со потврда за договорените измени што ги наведе Калас.

Слични содржини