Мажите се навикнати да “командуваат” во кревет. Тие си кажуваат што сакаат, бараат, насочуваат или во најлош случај директно делуваат.
Тоа до одреден степен ги прави егоисти, кога не се заинтересирани што сака нивната партнерка. А ако и таа е навикната да премолчува, тогаш ги имаме сите предуслови за еден незадоволителен, дури и болен секс. Колку од следните моменти сте ги доживеале/преживеале и сега?
1. Кога тој поминува директно кон акција без вие да сте подготвени за пенетрацијата. Доживувањето е директно болно за жената, бидејќи таа нема никакво подмачкување таму долу. Господа, ви требаат точно неколку минути, за да ја возбудите партнерката. И да, треба да се позанимавате малку со вагината, инаку не може.
2. И никогаш не ве прашува што сакате … Или мисли дека знае сè, или не му е гајле како се чувствувате и дека ви е добро. И во двата случаи ситуацијата не е добра.
3. Кога ви фрла убиствен поглед кога ќе го прашате за кондом. Како да ви прави услуга, а вистината е дека сепак некој мора да мисли со горната глава.
4. Кога сепак започнува разговор како кондомите ја убиваат желбата и чувствителноста, барајќи да направите исклучок за него. Не се врзувајте. Објаснете му дека болестите кои се сексуално преносливи и несаканата бременост исто “не се чувствуваат добро”.
5. И за капак тој продолжува да ве моли да пробате “за 1-2 секунди” без. Или во современа варијанта: “Само да влезе врвчето!”
6. Кога почнува да мрмори дека уште не можете да завршите. Сеедно тоа е ваш проблем, а не олицетворение на неговиот недостаток на вештини.
7. Или кога знае дека не сакате да правите нешто, но сепак инсистира на него со зборовите: “Ајде де, само овој пат!”. Тој не престанува да зборува и да сака анален секс, но пак има огромна листа со работи кои не сака да ги направи за вас.
8. А кога вие ќе одбиете, ја прави онаа фаца со која ви покажува дека очигледно ќе мора да најде друга, која се согласува. Сепак, тој си има “потреби”.
9. Тој мисли дека има право да се жали дека одоздола не сте сосема избричена.
10. И поради некоја причина си мисли дека тој секогаш мора да ја избира позата. Бидејќи изненадувачки сите пози во кои вие се чувствувате добро за него се “премногу здодевни”.
11. Покрај тоа, тој секогаш е оној кој одлучува дали да го правите побрзо или побавно.
12. Кога ве фаќа за косата и ве притиска за главата за време на орален секс. Сакате нешто поинакво? Кажете му: Јас сум вистинска личност, а не секс играчка.
13. А потоа одбива да ве бакне. Од што точно се гадиш?
14. Тој ги обожава сексуалните фантазии, но само кога вие треба да направите нешто за него.
15. И избегнувањето на несакана бременост е ваш проблем, се разбира. На крајот, тој може да исчезне во секој момент.
16. И на сето тоа, освен што не ви нуди помош и не се грижи дали сте добро, ако нешто тргне наопаку, вие треба да се грижите за проблемот. На пример да си набавите пилула после секс без заштита, во кој не успеал да го извади навреме.
17. Како капак кога себично сексот ќе го заврши, тој само се врти на другата страна и заспива. Или пак неговото расположение нагло се менува кон полошо.