Гувернерот на централниот регион Черкаси ги предупреди Украинците дека Русија може да изврши масовен ракетен напад подоцна во сабота.
Виталиј Ким, регионален гувернер на јужната област Миколаев, рече дека 17 руски бомбардери Тупољев полетале од воените бази. Неговата изјава дојде веднаш по воздушните напади врз Киев и Харков, кои ја погодија критичната инфраструктура, пренесува Ројтерс.
Официјалните лица им порачаа на жителите да одат во засолништа.
Украинската престолнина не била нападната од новогодишната ноќ.
Русија ја нападна Украина на 24 февруари 2022 година, а во последните неколку месеци ги интензивираше нападите врз енергетската инфраструктура.