18 годишна битолчанка со „мазда“ излетала од патот

од Milan1
53 прегледи

Вчера на полноќ во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Ѓавато – Тополчани, автомобил „мазда“ со битолски регистарски таблички, кој го возела 18-годишна битолчанка, излетал од патот, соопшти МВР.

„Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила возачот на „Маздата“, констатирани во Клиничката болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола“, информираат од МВР.

Слични содржини