МВР информира дека полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода И.А.(19) од кочанско село откако силувал малолетничка.
-Тој се сомничи дека, по претходно консумирање алкохол, откако паднала во бессознание, извршил обљуба врз малолетна девојка од кочанско село, по што ја однел во болница за укажување на лекарска помош, велат од полицијата.
По целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.