206
Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 2.480 нови случаи на коронавирус, а 26 лица починаа, објави Националниот штаб за цивилна заштита.
Во моментов има 14.843 активни случаи, од кои 1.221 пациент е во болница. На респираторот има 118 пациенти.
Заклучно со 25 февруари, во Хрватска се пријавени 56.567 случаи на коронавирус, а 654 пациенти починале.
Во моментов има 29.404 лица во самоизолација.
До денес се тестирани вкупно 523.382 лица, од кои 9.206 во последните 24 часа.