20-годишен радовишанец прегазил малолетник и побегнал

од Radmila Tasevska
317 прегледи

20-годишен Радовишанец вчера попладне со возило „ауди“ удрил во малолетнен пешак на улица во градот и побегнал од местот на несреќата, информира МВР.
-Патничко моторно возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(20) од Радовиш вчера во 14:00 часот на улицата „Калузлиска“  во Радовиш удрило во малолетен пешак од Радовиш, по што возачот со возилото напуштил местото на настанот, но бил пронајден од полициски службеници.
Пешакот е пренесен во Здравствен дом Радовиш каде од лекар му се констатирани тешки телесни повреди. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш.

Слични содржини