20 модели кои најбавно ја губат вредноста по 3 години сопственост

од Vladimir Zorba
232 прегледи

Во истражување на Auto expert беа вклучени 20 автомобили опремени со основни верзии и бензински мотори. За овие модели се направени прогнози за амортизација за 36 месеци, со претпоставка дека автомобилот ќе помине 90.000 километри во овој временски период.

Истражувањата покажаа дека разликите во резидуалните вредности помеѓу поединечните автомобили се навистина големи. После три години Hyundai Tucson ќе изгуби најмалку вредност. Според прогнозите, по три години и 90.000 километри, корејскиот теренец ќе задржи 66 отсто од почетната вредност, што е добар резултат.

Треба да се напомене дека најбрзо ќе загуби Kia Ceed, кој по 36 месеци ќе вреди нешто повеќе од 52 отсто од почетната цена. Интересно е што меѓу првите пет се најде уште еден модел на корејската групација Kia Sportage (5-то место), веднаш зад него се Toyota RAV4 и Toyota C-HR, како и Škoda Octavia. Братот на попрестижната Octavie, Volkswagen Golf, се најде само на 16-то место.

Сепак, најмалку профитабилно (во однос на загубата на вредноста) во перспектива на три години беше купувањето на Renault Clio, Fiat Tipo, Ford Focus и споменатиот Ceed.

Редослед на преостаната вредност:

МОДЕЛ: ПРЕОСТАНАТА ВРЕДНОСТ:

1. Hyundai Tucson 66%
2. Toyota RAV4 65.4%
3. Toyota C-HR 60,5%
4. Skoda Octavia 60,5%
5. Kia Sportage 60.1%
6. Nissan Qashqai 59%
7. Volkswagen Tiguan 58.8%
8. Toyota Yaris 58.1%
9. Toyota Corolla 58%
10. Dacia Duster 57,9%
11. Opel Astra 56,9%
12. Skoda Superb 56,7%
13. Opel Corsa 56,2%
14. Volkswagen Passat 56,1%
15. Skoda Fabia 55,5%
16. Volkswagen Golf 55%
17. Renault Clio 55%
18. Fiat Tipo 54,9%
19. Ford Focus 54.8%
20. Kia Ceed 52,4%

Слични содржини