Околу 200 парови се бакнуваа истовремено на плоштадот “Тајмс сквер” во Њујорк, за да го повторат познатиот бакнеж на морнарот и медицинската сестра во денот кога е прогласен крај на Втората светска војна.
Фотографијата на Алфред Ајзеншцед е направена на њујоршкиот плоштад на 14 август пред 70 години. Таа е објавена пред 70 години од страна на списанието “Лајф” и се претвора во легендарна.
На фотографијата млад морнар бакнува медицинска сестра. Во 70-тите години таа беше идентификувана. Станува збор за Едит Шејн, која почина на 91-годишна возраст во 2010 година.
Акцијата “Kiss In” за шеста година по ред собира на “Тајмс сквер” парови кои ја слават љубовта и оддаваат почит на американската војска.