533
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ денес со синот Вељко и ќерката Анастасија го посети гробот на нејзиниот покоен сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан по повод 21-годишнината од неговата смрт.
Освен Цеца, Анастасија и Вељко, на комеморацијата на Аркан на Новите гробишта присуствуваа и најблиските членови на семејството Ражнатовиќ и блиските пријатели.
Светлана Цеца Ражнатовиќ, синот Вељко, ќерката Анастасија, како и сестрата на Цеца, Лидија Оцокољиќ и нејзиниот сопруг, дошле на гробиштата околу 11 часот и положиле цвеќе на гробот, а покрај семејството имало и свештеник кој го одржувал поменот.
Да потсетиме, Жељко Ражнатовиќ Аркан беше убиен на 15 јануари 2000 година во хотелот Интерконтинентал, кога Драгослав Гавриќ го застрела.
Фото: Нова.рс