220 казнети мотоциклисти, 89 санкции за возење под дејство на алкохол (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
169 прегледи

Министерството за внатрешни работи во изминативе денови спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на возачите што управуваат возило под дејство на алкохол, како и за санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на мотоцикли.

Во текот на вчерашниот ден (12.06) санкционирани се 89 возачи за возење под дејство на алкохол на територијата на целата држава, како и 220 возачи на мотоцикли кои не ги почитувале сообраќајните правила на територијата на целата држава, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Струга.