Богоевски имал снимки за закани и притисоци врз него пред да биде затворен

од Vladimir Zorba
623 прегледи

Поранешниот разузнавач Слободан Богоевски  тврди дека има докази дека врз него е правен притисок- одмазда  од страна на претставници на владата и судот.Тј тврди и дека има докази за тоа.

богоевски

 

Тој синоќа e  однесен на издржување затворска казна без да знае дека рокот за доброволно пријавување му поминал  на почетокот на февруари. Одлуката дека му се одбива одлагање на издржување затворска казна била однесена на 30 јануари, но решението од судот Богоевски го примил многу подоцна, објави Телма .Бидејќи во одлуката стои дека за осум дена треба да се јави во затвор, Боговски одлучил да заврши неколку приватни обрски и во вторник последниот ден сам да се јави на капијата во Идризово пишува истиот извор.  Богоевски со писмо преку семејството реагира, изнесува поинакви факти.

Повеќе од јасно е дека од денот на поднесување на кривичната пријава против него па се до вчера е вршена невидена одмазда-притисок од страна на претсавници на извршната власт врз судот, пишува во писмото на Богоевски.

Тврди дека има снимени телефонски разговори со кои пред Меѓународен суд ќе докажува дека е осуден во монтирана судска постапка

 “Обвинетиот располага со цврсти докази за притисоци што се вршени над судовите и по јавното обелоденување на телефонските разговори и други видови комуникација, ќе побара заштита од Меѓународниот суд за правда во Стразбур, бидејќи повеќе од јасно е дека се работи за школски пример на монтиран судски процес, пишува во писмото на Богоевски.

Решението со кое Богоевски беше приведен да ја издржува казната следи откако Апелација ја потврди првостепената пресуда. Неговиот адвокат Трајче Китановски објасни дека поднеле молба за одложување на извршувањето на казната но бил одбиен.

Бидејќи Богоевски во меѓувреме не се јавил на издржување на затворската казна, на 17-ти месецов судијата за извршување на санкции издал барање до МВР за спроведување на Богоески во затвор, пишува 24 вестиТВ. Во меѓувреме постапката се води пред Врховниот суд,

Слободан Богоевски е првообвинет во случајот Агент. Доби две години затвор за финансиски малверзации поврзани со земјиште во блзиина на спортската арена Борис Трајковски, а претходно во притвор помина десет месеци

Либертас тврди и дека  Богоевски ден претходно бил предупреден дека ќе биде спречен да гостува наинтервку на „ Вин Вин“ и тој го најавил тоа на одговорните на емисијата, да побараат алтернатива ако тој не биде во можност да дојде.

Врховниот суд утре требаше да решава по жалбата на Богоевски за судската казна, но власта најверојатно вознемирена од тоа што тој ќе го зборува на интервјуто со Оливера Трајковска, побрзала, нечекајќи што ќе одлучи Врховниот суд.Стравот е оправдан со оглед на то што изнесе тој во претходното интервју на Нова.

Неговото семејство тврди дека поседува снимки од телефонски разговори за притисоци и закани против Слободан Богоевски.