Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Ј.Д.(32) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
– На 20.05.2024 во угостителски објект, по претходна расправија, пријавениот со нож го повредил М.Д. (24), се вели во соопштението.