25.000 ЖЕНИ ПРИЗНАЛЕ: Дали навистина е пресудна големината на половиот орган и кои 3 работи се најважни!

од Nikola Popovski
404 прегледи

Иако ставовите, предрасудите и мислењата за сексот често се менуваат, една работа останува постојана – многу мажи се премногу опседнати со големината на половиот орган.

Дури и кога жените ќе им кажат дека големината на пенисот навистина не е најважна, тоа не ја намалува опсесијата на мажот со должината на неговата „гордост“.

Ова е докажано со големо британско истражување во кое учествувале 25.000 парови.

Дури 45 проценти од мажите изјавиле дека не се задоволни од должината на пенисот и дека сакаат поголем полов орган,

Од друга страна, ситуацијата е сосема поинаква – 85% од жените се задоволни од изгледот и големината на пенисот на партнерот.

Резултатите од оваа студија ги коментирала д-р Емили Морс, која брутално им објаснила на мажите што е навистина најважно за жените во кревет.

– Мажите постојано ме прашуваат: дали е мал, чуден, премногу голем … И јас постојано им одговарам на ист начин: никој не се грижи за вашиот пенис колку што вие сметате. Фактот дека сте надарени не значи ништо ако не сте подготвени да се потрудите да го задоволите вашиот партнер – објаснува Морс.

– Она што е важно за нас е дали сте добар љубовник, дали се грижите за нашите потреби и што ни дава задоволство. Залудно сте опседнати со големината, бидејќи просечна жена најверојатно ќе доживее оргазам на три начини: со помош на прсти, уста или секс-играчки – забележува Морс и додава:

– Затоа, најважното прашање е дали сте подготвени да ни се придружите и да го користите вашето тело за да ни пружите задоволство. И бидете сигурни, уживањето ќе ви се врати, тоа е секогаш така. Затоа, започнете да размислувате поинаку за вашиот пенис, ние веќе го направивме тоа.

Слични содржини