Дваесет и пет метри високо Божиќно дрво и сцената со Рождество во природни димензии синоќа беа осветени на плоштадот “Свети Петар” во Ватикан.
Елката е донација од општини во германската провинција Баварија. Елката е украсена со играчки, направени од деца пациенти во италијанските онколошки болници.
“Вие сте уште многу мали, но вашите дела веќе се изложени на плоштадот” Свети Петар “! И тоа е прекрасно. Продолжете така! Така започнал Микеланџело”, им рече папата на децата.