25 политички подмладоци: Демократска држава се гради без насилство и говор на омраза

од desk3
78 прегледи
Претседателите на политичките подмладоци на партиите во Република Македонија денеска потпишаа Декларацијата за фер, слободни и демократски избори.
 „Политичките подмладоци ќе се залагаат во ниту еден момент да не се посегне по инструменти за заплашување и заканување на своите политички неистомисленици. Долупотпишаните политички подмладоци јавно го осудуваат секој чин на политичко насилство и ќе работат на обесхрабрување на истото, во рамки на своите подмладоци, но и на општествено ниво“, изјави Марија Андреева, Институт за економски старегии и меѓународни односи.
 Подмладоците на 25 партии се обврзаа на фер избори без насилство и инциденти. Со потпишувањето на Декларацијата во организација на Институтот за економски стратегии и меѓународни односи „Охрид“, младите политичари ја покажаа својата заложба за спроведување на фер, слободни и демократски избори со организирање на достоинствена кампања.

Подмладоците се согласија да се намали говорот на омраза на социјалните мрежи и во секојдневниот живот, со што ќе покажат дека се зрели и свесни за својата улога за градење на модерна, просперитетна и демократска Македонија во која проблемите се решаваат на мирен начин преку дијалог.