Војната во Јемен нема да заврши наскоро

од desk3
93 прегледи

Авијацијата на Саудиска Арабија и нејзините сојузници продолжува да ги бомбардираат позициите на хуситите ( Шиитските бунтовници). Но и сега е јасно дека бомбардирањето на неконвенциални групи од воздухот нема да доведе до ништо. Она за што зборуваме денес, е ситуација слична со онаа во Ирак, Сирија, Либија. Сега и Јемен станува арена на долга војна, пишува колумнистот од турското издание Milliyet Нихат Али Озџан.

0543900001427880590_465355_600x458_actualno

Долготрајниот карактер на овој настан може да биде објаснет со неколку причини: “војна со посредник” на Саудиска Арабија и Иран во Јемен; Падот на државните институти; поделбата на општеството во сите односи; географијата и геополитиката на Јемен и, конечно, со асиметрични војна.

Конфликт со посредник

Војната во Јемен се води не само од локалните елементи, но и од шиитскиот Иран против “сунитскиот блок” на чело со Саудиска Арабија. Саудитите кои го поддржуваат претседателот Хани, се обидуваат да ги потиснат хуситите. Во 2009 година Саудиска Арабија не поштеди ниту сили, ниту средства за спроведување на воена операција против шиитските бунтовници. Неодамна таа ги прогласи хуситите за “терористичка организација”.

Претседателот на Јемен Мансур Хади, кој учествуваше на самитот на Лигата на арапските држави, ги нарече хуситските борци “марионети на Иран”. При тоа еден од најзначајните ирански лидери Рафсансжани го истакна следново: “За 50 години лидерите на арапските држави не преземаа никакви обиди да ослободат Ерусалим од окупацијата. Сега се здружуваат против муслиманската земја во регионот. ”

Оваа слика наведнува на мислата не само за долгиот карактер на војната, но и за неговата асиметричност.

Зборувајќи за Јемен, го имаме предвид системот на уништените државни институти. Ослабени се сите образовни, судски, инфраструктурни, здравствени и воени организации.

Тоа дека граѓанска војна се воведува во земја во која просечно на човек од населението паѓа речиси најголемо количество оружје во светот, воопшто не е изненадувачки. Покрај тоа целото општество е поделено на племиња и групи. Други причини кои го разгореа конфликтот, се сиромаштијата, невработеноста, недостатокот на природни ресурси, дрогата.

Јемен и геополитиката

Геополитичката положба на Јемен, исто така има свои особености, кои придонесуваат за започнување на граѓанска војна. Должината на копнените граници на Јемен со Саудиска Арабија и Оман е 1458 и 288 километри соодветно. Што се однесува до морскиот излез на Јемен, тоа од една страна е Црвеното Море, а од другата – Индискиот Океан.

Огромно стратешко значење има теснецот Баб ел-Мандеб. Секоја година од тука минуваат 20 илјади пловни објекти. Детално територијно распрснатите населени места се меѓу првостепените причини за ова војната во Јемен да продолжи долги години.

Јемен се претвора во дом не само за сунитите со хуситите, но и за борците на Ал Каеда,кои избегале од Саудиска Арабија. Во земјата во која фактички владее безвластие, Ал Каеда стекнува значителни можности. А оваа ситуација ги загрижува западните земји.

За операцијата во Јемен Саудиска Арабија и нејзините сојузници одлучија да создадат заеднички “арапски воени сили”, чиј контингент е 40 илјади војници. Оваа идеја се чини на хартија, но како што е познато нејзината реализација ќе биде тешка.

Како политичка цел Кралот на Саудиска Арабија го најави “продолжувањето на воените дејствија, додека во Јемен не настапи безбедност”. Оваа изјава само ја потврдува мислата за тоа дека војната ќе биде комплексна, долга, напорна. И пред сè асиметрична. Очигледно започнува нова војна слична на конфликтите во Авганистан, Ирак, Либија или Сомалија.

Конфликтот во Јемен доаѓа во момент во кој “Исламска држава” објави водство кон сите заинтересирани со инструкции како да се избегнат мерките за безбедност по турско-сириската граница, за да се приклучуваат кон џихадистите. А тоа сугерира дека мирот на Блискиот Исток ќе остане сон за долго време.