Во Oпштина Крива Паланка денес беа потпишани договри за изградба на три локални патни правци во селата Трново, Голема Црцорија и Конопница.
Договорите беа потпишани помеѓу изведувачите на градежните работи за изградбта на овие патни правци, фирмите „Лабино трејд“ и фирмата „Енерго инвест трејд” и градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.
Изведувач на градежните работи за изградба на локален пат „Лиска-Стублица” во селото Конопница, е фирмата „Енерго инвест трејд”. Овој патен правец е во должина од околу 1.5 километар, а е финасиран од Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со сума од 8 милиони и 847 000 денари.
Вториот договор е потпишан со фирмата „Лабино трејд” за изградба на две делници, локален пат во селото Голема Црцорија, во должина од три километри и дел од патот во селото Трново, кој е продолжение на кракот што води кон старото училиште, сега туристички сместувачки капацитет. За овие два локални патни правци ќе бидат потрошени 17,5 милиони денари, кои се грант средства од АФПЗРР.
Трите патни правци се значајни за граѓаните, за месното население, но и за сите кои гравитираат кон овие локалитети, изјави Мицевски.
Изведувачите ќе бидат воведени во работа, а динамиката на активностите за градба ќе се одвиваа согласно временските услови.