ВМРО-народна на Љубчо Георгиевски денеска преку соопштение ги повика граѓаните и членството да ја поддржат иницијативата за зачувување на сегашниот изглед на ГТЦ и да излезат на референдумот.
“ВМРО-Народна партија ги повикuva своите членови и симпатизери од oпштина Центар на 26 aприл масовно да излезат на референдумот и да гласаат „ЗА“ зачувување на сегашниот изглед на ГТЦ.
Градскиот трговски центар во Скопје, како генерациски симбoл на многу скопјани, дефинитивно заслужува обновување и освежување, но доколку тоа се направи, не смее да се менува сегашниот изглед и стил затоа што Градот е препознатлив по оваа градба со децении наназад и на времето кога се градела била една од најубавите градби на Балканот. Токму од оваа причина ВМРО-Народна партија смета дека беспредметно е да се уништува сегашниот изглед на ГТЦ со комплетна промена на неговиот надворешен лик- Посочуваат од ВМРО-НП
