Џејмс Стефан Доналдсон, попознат како MrBeast, моментално го има најгледаниот канал на YouTube.
Ја престигна индиската музичка куќа T-Series, која го држеше рекордот за каналот YouTube со најмногу претплатници во последните пет години, јавува Би-Би-Си.
Тој се огласи на Твитер за да објави дека неговиот канал поставил рекорд за најголемо дневно зголемување на претплатниците досега, растејќи за повеќе од 2 милиони во текот на викендот.
Пред два дена Јутјуберот достигна 266.707.995 следбеници, додека YouTube каналот T-Series имаше 266.706.387 следбеници. Но, бројот на претплатници до денес се зголеми уште повеќе. 26-годишниот MrBeast сега има 271 милион претплатници на неговиот канал на YouTube, додека T-Series има нешто повеќе од 266 милиони.
MrBeast претходно беше поединецот со најголем број следбеници на оваа платформа, а со оваа бројка влезе во историјата.
After 6 years we have finally avenged Pewdiepie 🥹 pic.twitter.com/V1znbyqw27
— MrBeast (@MrBeast) June 2, 2024