279 пациенти се лекуваат на инфективните клиники, 29 се пуштени на домашно лекување

Во изминатото деноноќие, во ковид центрите во главниот град се хоспитализирани 22 нови пациенти како комплкација од Ковид 19, информираа денес од Министерството за здравство.

Од таму велат дека на инфективните клиники се лекуваат вкупно 279 лица сомнителни или потврдени Ковид случаи.

Само во последните 24 часа, на интерните клиники имало осум приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало седум нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника осум. Исто така, дома се пуштени 29 оздравени пациенти, соопштија од ресорното министерство

Според последните податоци, објавени од МЗ на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 12 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 13 пациенти, на Клиниката за очни болести 4 пациенти, а на ОРЛ 13 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 22 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 85 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 77 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 18 пациенти.

Вкупно 279 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 159 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, се додава во соопштението.

Слични содржини