Вчера околу 19 часот во полиција било пријавено дека Србинка паднала од балкон во стан на улица „Јане Сандански“ во Тетово.
Србинката С.Ј. (29) во станот престојувала со О.О. (38), а паднала на покрив од угостителски објект, кој се наоѓал на приземје на зградата, по што била пренесена во болница.
Потоа бил извршен увид од СВР Тетово, при што во станот биле пронајдени остатоци од кокаин.