ВМРО ДПМНЕ: Зоран Заев и СДСМ се неодговорни и бегаат од избори

од Vladimir Zorba
412 прегледи

Со денешната прес конференција се докажаа нашите сомневања дека Зоран Заев и СДСМ не сакаат избори, се плашат од нив и бегаат, посебно поради денес објавената анкета на американскиот Интернационален републикански институт. Зоран Заев знае дека следните избори ќе ги загуби и затоа бега од нив.

Денес се докажа дека Зоран Заев и СДСМ ги користат лепените и креирани снимки за класична уцена врз државата и нејзините интереси. Денешната прес конференција е доказ дека Зоран Заев бега од договорот од 2 Јуни кој самиот го потпиша, а чиј поддржувач беше Европската Унија

Со денешната постапка Зоран Заев и СДСМ ја докажаа политичката неодговорност и покрај јасните пораки од народот и од претставниците на меѓународната заедница.

Поради тоа што Зоран Заев во континуитет се заканува со објавување на креирани снимки за случајот Монструм и поради тоа што ние сме убедени дека нема ништо спорно во целиот тој случај, денес јавно апелираме да објави се што има и поседува без да одолговлекува.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните, политичката стабилност, економскиот развој и отварањето на нови работни места.

ВМРО-ДПМНЕ ќе го искористи следниот период за организација на партиската структура за одговор на сите можни црни сценарија подготвени и организирани од Зоран Заев.