Да, знаеме дека убавината и задоволството во сексот е патот, а не крајната цел и сепак која жена не сака да добие и оргазам? Според науката тоа воопшто не е толку тешко како што се исплашени повеќето мажи, туку е резултат на три едноставни чекори, тврди материјал објавен во Archives of Sexual Behavior.
За истражувањето, научниците се повикуваат на онлајн истражување во кое учество зеле 52 000 луѓе – геј мажи, лезбејки, бисексуалци и хетеросексуални мажи и жени на возраст меѓу 18 и 65 години. Тие се одговараа на прашања поврзани со сексуалниот живот, како на пример колку често добивале оргазам за време на секс со партнерот.
Учесниците требало да одговараат со скала до 5, при што 1 значи “никогаш”, а 5 “секогаш”.
Смешен факт: хетеросексуалните жени најретко достигнуваат оргазам во споредба со лезбејките и бисексуалците! За да се разбере кои фактори се однесуваат директно кон постигнување на оргазам, истражувачите ги сослушале учесниците колку често добиваат орален секс и колку се задоволни од врската.
Креаторите на истражувањето откриле дека лезбејките и бисексуалците, кои добивале оргазам речиси секој пат за време на оралните бакнежи:
1. Изведувале повеќе орален секс.
2. Сексуалните интеракции траат подолго од 15 минути.
3. Кажуваат јасно што сакаат во сексот.
4. Даваат комплименти на партнерите за нивните сексуални вештини.
5. Го загреваат партнерот со секстинг (испраќање на сексуални пораки и кадри по телефон).
6. Носат секси долна облека.
7. Пробуваат нови пози.
8. Експериментираат со анална стимулација.
9. Му откриваат на партнерот сексуални фантазии.
10. Зборуваат валкано и ја изразуваат својата љубов кон другиот вербално за време на чинот.
11. Тие се задоволни од врската.
Добрата вест за хетеросексуалните жени е дека и тие може да добиваат почесто оргазам. Доволно е да се преземат следните три чекори: орален секс, рачна генитална стимулација и длабоко бакнување. Тоа е доволно да подготви 80% од хетеросексуалците дами за оргазмот при пенетрација (а кај среќничките со искусни партнери и за време на самата предигра).