Луѓето од типот “чучулига” се чувствуваат продуктивни наутро, а оние од типот “був” – вечер. Тоа, сепак, не е единствената разлика меѓу нив. Се смета дека чучулигите се совесни, сигурени и емоционално стабилни. А бувовите се со прилично креативна природа, нестабилни и со поголема веројатност да имаат проблеми со семејството и пријателите, пишува Psychology Today. Еве по уште што се разликуваат два типа:
1. Карактер
Кој е привлечен од “темната страна”? Несомнено, бувовите. Неколку студии врз цртите од “темната тријада” (нарцизам, психопатија, макиавелизам) и двата хронотипови ( “чучулига” и “бувови”), имаат воспоставено значајна врска помеѓу доцното спиење и споменатите карактеристики, особено кај мажите.
2. Креативност
Кој е повеќе креативно поставен? Повторно бувовите. Едно истражување во кое учествувале 52 мажи и 68 жени на возраст меѓу 19 и 76 години, ги поврзува двата хронотипа и визуелната креативност. Факторите кои теоретски стојат зад овој тест, се флексибилност (способност да поминеш од една линија на мислата кон друга), флуидност (способност да генерираш повеќе идеи кои ќе помогнат во решавањето на даден проблем), оригиналност (способност да откриваш ретки и невообичаени одговори). Истражувачите утврдиле дека ноќните птици се справуваат подобро и по трите критериуми.
3. Прецизност
Кој е помалку веројатно да задоцни на состанок? Чучулигата. Научниците го набљудувале доаѓањето на учениците во публиката за првиот час во 8:15. Истовремено учениците пополниле прашалнициза истражувања за омилено време за спиење, за точноста за состаноците и варијанта на познатиот тест со “Големите пет” карактеристики на личноста. Учесниците биле 267 на број, на просечна возраст од 23 години. Хипотезата на истражувачите била потврдени: чучулигите и “совесните” студенти, прво сами истакнале во прашалниците повисок рејтинг во однос на точноста. Споредено со реалното време на пристигнување, резултатите биле потврдени.
