Основниот суд во Урошевац денеска му одреди едномесечен притвор на А.К., осомничениот кој на 6 јануари во Готовуша кај Штрпце пукаше и повреди српско момче и млад човек.
Осомничениот се товари за тешко убиство во обид, употреба на опасно орудие или алат и предизвикување општа опасност, се вели во соопштението од судот во Урошевац.
Во соопштението на судот се наведува дека тој „намерно се обидел да им ги одземе животите на повредените М.С. и С.С.
„Судијата на претходна постапка оцени дека постои основано сомнение дека обвинетиот намерно се обидел да му го одземе животот на повредениот на тој начин што кога со автомобил стигнал до влезот на селото, забележал некои граѓани на крајот на патот и им свирнал со намера да ги избрка. Бидејќи не можел да оди понатаму, го запрел автомобилот и по вербална расправија извадил револвер, пукал двапати и им нанел физички повреди“, се посочува во соопштението.
Судот констатирал дека осомничениот употребил оружје за кое има дозвола.