Највисока казна од 8 години и 8 месеци доби поранешниот директор на Музејот, Перо Јосифовски. На Златко Видевски му се пресудени 6 години и 8 месеци, на Софка Кушовска 3 години, на златарот Часлав Кузмановиќ судот му пресуди 7 години и 8 месеци затвор, на Јован Кондијанов 3 години, а Дарко Кржовски и Андреј Ежов добија по една година.
На обвинетите во затворската казна им се пресметува и времето што го поминаа во притвор.
Осудените и нивните роднини нивните роднини бурно реагираа на пресудите на судскиот совет со кој претседаваше судијката Моника Бахчованска,
– „Ова ли е правда“? „Правите втор процес Монструм“, „Што сме сториле? „Вака ли ви ја нарачаа казната“ – реагираа дел од осудените и нивните блиски.
