30 мудрости за жените во триесеттите

од desk4
329 прегледи

Иако многу жени во триесетите сè уште се чувствуваат како девојчиња, сепак треба да знаат дека е дојдено време за созревање и животни мудрости.

Она што на девојките им се толерира во дваесеттите години од животот, во триесеттите не поминува. Иако во таа доба сеуште се млади, некои животни мудрости треба да ги научат сепак. Еве некои од нив, а вие можете да ги додадете своите, кои сте ги откриле.

1. Најголема грешка е кога ќе сфатите дека грешите, а не правите ништо тоа да го смените.

2. Причекајте најмалку две недели по прекинувањето на врската, а тогаш договорете посета на фризер.

3. На оние кои ве нервираат, кажете им го тоа в лице.

4. Дури ни најголемото намалување нема да ви помогне во погрешна величина да изгледате добро.

5. Смеењето на неговите шеги е на поголема цена од кулинарските вештини.

6. Запомнете дека вредните момци се кријат во зоната на пријателите, затоа отворете ги очите.

7. Црното ве прави послаби, дури и повеќе од диетата со грејпфрут.

8. Ретро модата доаѓа во предвид само ако не сте ја носеле во времето кога стана популарна.

9. Најдобрите пријателки пронајдете ги во геј мажите.

10. Најдобриот секс е сигурниот секс.

11. Кога луѓето ќе ви ги откријат своите мани, верувајте им.

12. Ако неговата фотографија од профилот изгледа како да е снимена во 80-те, тогаш веројатно и è.

13. Немојте да прашувате дали сте дебели, ако не можете да поднесете искрен одговор.

14. Разговорот за работа е единствениот момент кога скромноста нема да ви оди во прилог.

15. Жена која зборува најмалку, најмногу знаe.

16. Ако со него се гледате само кога ќе падне мрак, а сè уште не сте го запознале неговото семејство, ниту неговите пријатели, тогаш не е вашето вистинско момче. Без разлика на тоа колку месеци спиете со него.

17. Мажот повеќе цени добар орален секс од добро снаоѓање во кујната.

18. Немојте да пиете и праќате смс пораки на бившите љубовници во алкохолизирана состојба.

19. За три месеци сè ќе биде поинаку за разлика од сега, затоа главата горе.

20. Кремите за заштита од сонце се императив. Без расправа.

21. Пронајдете радост во едноставните нешта.

22. Креативноста е двигател на сè – знајте да ја наплатите.

23. Престанете да ги повторувате старите обрасци и усвојте нови облици на однесување.

24. Личноста која пред вас ги озборува другите луѓе, без сомнение ве озборува и вас.

25. Бидете отворени за примени, но бескомпромисни кога станува збор за вашите вредности.

26. Запомнете го она кое сакате, не мора да биде и она кое треба.

27. Со добар живот оди и добра фризура, затоа не штедете на фризер.

28. Голема љубов и голем успех одат со голем ризик.

29. Одличниот секс секогаш бара големо двоумење.

30. Ѕирнете малку во себе и обидете се да се запознаете подобро.

 

Слични содржини