300.000 примероци од овој смартфон се продадени за 1,8 секунди

од Vladimir Zorba
409 прегледи

Паметниот телефон со екран на преклопување Royole FlexPai 2, којшто беше пуштен во петокот во продажба, “пред“ онлајн продавницата го чекале 300.000 луѓе и производителот успеа планираните уреди да ги продаде за 1,8 секунди.

Оваа продажба е направена во Кина, а самиот телефон е производ на кинеско – калифорниската компанија Royole, којашто уште минатата година го претстави првиот флексибилен телефон на светот и тоа пред големите играчи на пазарот како што се Samsung и Huawei.

Иако вкупната количина пуштена на кинескиот пазар не е позната, само ден пред почетокот на продажбата биле нарачани 150.000 примероци, а уште толку биле резервирани првиот ден.

FlexPai 2 моментално е најпристапниот 5G паметен телефон со флексибилен екран на светскиот пазар, којшто се продава по цена под 1.500 долари, што е за 30 до 40% пониска од уредите на претходните два производители.

За оваа цена се добива уред со 8GB RAM и 256GB простор за складирање на податоци, а во понудата се и 126/512GB верзии. Телефонот е опремен со флексибилен екран со дијагонала од осум инчи, резолуција од 1.920 x 1.440 пиксели, а користи процесор Snapdragon 865. Тој е опремен со систем од три камери од кои главната има сензор од 64MP. Tука е уште и широкоаголната од 16 и дополнителна од осум мегапиксели, како и предната камера од 32 мегапиксели.

Производителот истакнува дека екранот на уредот успеал да издржи 1,8 милиони преклопувања, како и дека во конструкцијата на шарките користат материјал со којшто се изработуваат делови за авиони. Тоа му овозможува со леснотија да биде поставен под било кој агол за да се гледа содржината на екранот.

Слични содржини