32 лица загинаа во напад на локална банда во Мадагаскар

од Берта Китинска
179 прегледи

Најмалку 32 лица загинаа во Мадагаскар во област северно од главниот град, откако локални бандити познати како „дахало“ ја нападнале областа и запалиле приватни куќи, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.

Убиствата се случиле во текот на ноќта во областа Анказобе, околу 75 километри северно од главниот град Антананариво, пренесува Ројтерс.

„Луѓето овде доживеаја вистинска трагедија…загубени многу животи. Загинаа 32 лица. Тоа е злосторство извршено од безмилосни дахало (бандити) кои живи запалија дури и жени и деца“, рече министерот за одбрана, генерал Ричард Ракотонирина во видеото објавено на Фејсбук страница на Министерството за одбрана.

„Дахало“ се организирани криминални банди кои дејствуваат во некои делови на Мадагаскар, крадејќи добиток од членовите на заедницата и организирајќи други различни форми на бандитизам.

„Ќе ги ловиме сторителите на ова злосторство и нивните соучесници“, рече Ракотонирина, додавајќи дека безбедносните сили се распоредени во областа за да ги фатат сторителите.

Слични содржини