Претседателот на Колумбија Хуан Мануел Сантос денеска објави дека истражувачи нашле остатоци од шпански едреник кој потонал пред повеќе од 300 години, а превезувал голема количина на злато и друг скапоцен накит.

Сантос на својот твитер профил напишал „Одлични вести: Го најдовме едреникот Сан Хосе“ и наведе дека повеќе детали за тоа важно откритие ќе бидат објавени подоцна.
Тој едреник потонал во напад на Британците во 1708 година и оттогаш се наоѓаше на дното на морето, покрај брегот на островот Росарио.
Се верува дека на него во моментот на потонувањето имало 600 луѓе, 11 милиони златници и голем број скапоцени камења.