35 години Жито Маркети, 35-годишна традиција почната од мала семејна продавница

од Vladimir Zorba
207 прегледи

Жито Маркети годинава одбележува 35 години од своето основање.

Во изминатите три и пол децении, Жито Маркети успеаа да изградат силна позиција на пазарот на една од најуспешните компании. Денес, компанијата располага со близу 80 маркети низ поголемиот дел од државата претставувајќи синоним за успех и традиција во која се втемелени вредности во активности поврзани со трговијата и малопродажбата, со силен тим од над 900 вработени.

Изминативе 35 години, Жито Маркети континуирано вложуваше во нови брендови и иновативни пристапи на оперативно работење, што придонесе за пораст, развој и успех на компанијата, која дури и во услови на пандемија и економски осцилации, успеа да го одржи бизнисот и уште повеќе да го зголеми своето портфолио со нови брендови.
-Навистина имаме многу причини да бидеме горди на овој три и пол децениски јубилеј. Со должна почит кон моите родители, кои ги поставија темелите, јас го продолжувам патот кон остварување на нашата заедничка визија, истакна Далибор Ѓошевски, сопственик на Жито Маркети додавајќи дека компанијата изминатиот месец ја направи најголемата експанзија од своето постоење отворајќи осум нови маркети во: Пробиштип, два во Штип, два во Кочани, Гевгелија, Струмица, Свети Николе со над 120 нови вработувања.

Сопственикот потенцира дека зад успешното 35 годишно функционирање на компанијата покрај домаќинското работење стои и професионалниот тим на вработени кои функционираат како едно семејство, а дел од нив во фирмата се со повеќе од 25 години.

Ѓошевски со гордост најавува дека во наредните неколку години велешката компанија ќе го прошири својот синџир на маркети отворајќи нови 200 продавници ширум државата.

За потсетување, компанијата е основана во 1988 година, како мала семејна фирма од Велес, како една од првите приватни продавници. Од тогаш со знаење и упорност, со верба во себе и јасна визија почнуваат да се отвораат и други објекти во Велес. Како расте и се развива Жито така се зголемуваат и предизвиците пред кои се исправува. Во 1998 година Жито ја проширува својата мрежа на маркети и го отвора првиот маркет во Скопје. Вистинската експанзија на брендот се случува 2014-2016 година кога се отвораат повеќе од 20 супер маркети низ различни општини во Македонија.

Во моментов, компанијата континуирано ја развива мрежата носејќи свежи деловни политики, практики и модерни трендови по коишто е препознатлива на македонскиот пазар. Воедно се работи на одржување и раст на имиџот на Жито Маркети како на доверлив, посакуван партнер, со проширување на деловните операции и надвор од границите на нашата држава.

Слични содржини