35 оклопни возила „произведени во Југославија“ пристигнуваат на фронтот во Украина

од Nikola Popovski
304 прегледи

Словенечката влада одлучила да ѝ донира на Украина 35 оклопни амфибиски возила „BVP M80A“ произведени во поранешна Југославија. Словенија потпиша договор со САД за да добие средства од нивната влада за набавка на опрема за словенечката армија како компензација за испраќање на оваа помош, пренесуваат словенечките медиуми.

Возилата веќе со железница се упатени кон Полска и Украина.

Нивната деконзервација траеше неколку недели, а побрзото испраќање помош на украинската армија која се спротивставува на руската агресија досега ги спречи логистичките тешкотии поради Унгарија, која не дозволува транспорт на оружје за одбрана на Украина преку нејзина територија, наведува комерцијалната телевизија ПОП-ТВ.

Словенија го одржа ветувањето за Украина

Амфибиското гасенично возила „BVP M80A“ со екипаж од тројца војници има топ од 20 милиметарски калибар, митралез и фрлачи на противтенковски ракети Маљутка. Со оваа донација Словенија го исполни ветувањето за Украина и придонесе за нејзината одбрана, што го потврди и министерот за одбрана Марјан Шарец.

Според него, Словенија претходно и донирала лесно оружје, шлемови, панцири и друга опрема на Украина, а отсега повеќе ќе се концентрира на други форми на помош, вклучително и деминирање и помош во обновата на Украина по војната.

Како што нагласи министерот, Словенија има големо искуство во повоено деминирање, на што со години работи преку Словенечко-американската фондација по завршувањето на војните во поранешна Југославија.

„Тоа е хуманитарна акција бидејќи по секоја војна овие области треба да се деминираат за да нема нови цивилни жртви“, рече Шарец, додавајќи дека тоа не ја исклучува натамошната помош за украинската армија, иако расположливиот арсенал на оружје и опремата во Словенија беше во голема мера исцрпена.

 

Слични содржини